Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Топ 3 есенски освежувачки коктели

Повеќе не важи правилото дека летото е идеално време за коктели. Затоа, при рака оставете го блендерот, мини чадорчињата и цефките во боја и уживајте во трите есенски коктели кои ќе ве освежат и опуштат на крајот од работниот ден.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-01

Есенските пијалаци се шарени и миризливи, па затоа сигурни сме дека ќе ви помогнат да ги загреете зимските студени ноќи.

Коктел од ванила, крушка и вотка

Состојки: Ванилин шеќер, ½ лажичка екстракт од ванила, 150ml вотка, 350ml сок од крушка, 300g мраз

Подготовка: Во шејкер промешајте го сокот од крушка со вотка. Додајте ја ванилата и неколку коцки лед и мешајте. Навлажнете го работ од високата чаша и облепете го со ванилин шеќер. Процедете го пијалакот и служете со лед.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-02

Коктел од крушка и брусница

Состојки: 800ml шампањ, 120ml нектар од круша, 2 лажици сушени брусници

Подготовка: Потопете ги брусниците во сад со две лажици топла вода на 15 минути. Исцедете ја течноста, а брусниците оставете ги да се ладат. Поделете го сокот од крушки во 8 чаши за бело вино, а потоа додавајте го шампањот. Додајте по неколку капки од водата во која беа брусниците, а на крај додадете ги и нив во чашите.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-03

Коктел од јаболко и вотка

Состојки: 150ml сок од јаболка, 1 лажичка сок од лимон, 60ml вотка со вкус на карамела, 120ml ликер од ѓумбир

Подготовка: Во шејкер промешајте ги сите течности, а на крај додадете неколку коцки лед. Служете во чаши за мартини, претходно наросени со шеќер. Декорирајте со тенко парче јаболко.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-04

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg