Подгответе топол пунч од портокал

Топлиот пијалак од здравото јужно овошје е токму она што ви треба во студените денови. Кога ќе се почувствувате смрзнати и нерасположени, еве како да го подготвите.

podgotvete-topol-punc-od-portokal-01

Состојки:

  • Сок од 2 портокали, 1 грејпфрут и лимон
  • 375ml бело вино
  • 4 лажици шеќер
  • Каранфилче
  • Лажичка цимет
  • 100ml рум

Подготовка:

Во лонец ставете го сокот од портокалите, грејпфрутот и лимонот, па потоа додадете го виното, шеќерот и зачините. Оставете ја течноста полека да се загрева, но да не проврие.

На крај, кога пијалакот ќе се излади, додајте го румот. Декорирајте со стапчиња цимет или слатки зачини по желба.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава