Како да подготвите поразличен новогодишен пијалак?

Кога ќе ви здосадат сите стандардни пијалоци и сакате своите најблиски да ги изненадите со нешто креативно и вкусно, овој пенлив предлок веруваме дека ќе ви се допадне.

kako-da-podgotvite-porazlicen-novogodisen-pijalak-01

Освежителниот пунч со шампањ е пијалакот кој совршено ќе ја надополни празничната атмосфера.

За подготовка потребно ви е:

  • 1 шолја вода
  • Половина шолја шеќер
  • 3 стапчиња цимет
  • 2 шолји сок од брусница
  • Половина шолја сок од ананас
  • Шише шампањ
  • Ликер од портокал

Подготовка:

Во длабок сад ставете ја водата, шеќерот и стапчињата цимет и варете околу 5 минути. Потоа извадете го циметот, а течноста оладете ја на собна температура.

Истурете ја течноста во стаклен сад, а потота додадете го сокот од брусница и ананас. Оставете го садот во фрижидер, се до самото послужување.

Пред да го послужите пунчот, во измешаните сокови додадете го оладениот шампањ и ликерот од портокал.

Послужете во високи чаши и декорирајте со шеќер, парчиња портокал или стапчиња цимет.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава