Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Легендите за настанувањето на највкусните коктели

Љубителите на овие забавни и шарени пијалаци ги водиме низ неколку интересни приказни за нивното настанување.

legendite-za-nastanuvanjeto-na-najvkusnite-kokteli-01

Еве какви легенди се кријат зад вашите омилени коктели.

The Bloody Mary

Најпознатиот лек против мамурлак и омилениот пијалак во утринските часови е комбинација од вотка, сок од домат и зачини.

Се смета дека настанал околу 1900 година, а се работи за рецепт посветен на англиската кралица Мери која се прославила по своите ригидни борби да го врати католицизмот во Англија. Баш заради тоа доминира црвената нијанса, која ја симболизира бојата на крвта.

legendite-za-nastanuvanjeto-na-najvkusnite-kokteli-02


Gin-tonic

Британските војници, борејќи се во Индија, наишле на голем проблем - маларија. За да ја победат оваа зарази решиле да пијат тоник-сода која во себе содржела голема количина кинин, супстанца која се докажала како ефикасна во борбата против маларијата.

Сепак, вкусот на тоник-содата им бил чуден, па му додале малку џин, така што го создале најпопуларниот пијалак на денешницата.

legendite-za-nastanuvanjeto-na-najvkusnite-kokteli-03


The Manhattan

Менхетен коктелот се подготвува од вермут, виски, а на крајот му се додаваат вишни.

Легендата за него раскажува дека настанал пред Втората светска војна и бил специјално осмислен пијалак посветен на мајката на Винстон Черчил. Се верува дека за прв пат е послужен на собиранка која таа ја организирала во Њујорк, па токму затоа го добил името по кое е познат до ден денес.

legendite-za-nastanuvanjeto-na-najvkusnite-kokteli-04


The Mojito

Мохито е коктел кој се базира на рум, сок од лимета, свеж ментол и кршен лед.

Настанал на Куба, но многумина го сметаат за пијалак на морнарите. Причината зошто морепловците го подготвувале била борбата против болеста скорбут. Дури неколку децении подоцна била докажана делотворноста на овој пијалак во борба со недостатокот на витамин Ц.

legendite-za-nastanuvanjeto-na-najvkusnite-kokteli-05


The Cosmo

Овој коктел е еден од најпознатите женски пијалаци, а познат е по својот сладок овошен вкус. Се состои од вотка, ликер, цедена лимета и брусница.

Постојат докази дека овој коктел го осмислила геј заедницата во 1970 година. Сепак, овој коктел никогаш не би ја доживеал популарноста која денес ја ужива да не беа дамите од култната серија Сексот и градот.

legendite-za-nastanuvanjeto-na-najvkusnite-kokteli-06


The Pina Colada

За овој коктел потребни се следните сосојки: рум, сок од ананас и кокос. Иако подоцна претрпел мали промени, легендата кажува како овој пијалак е сосема случајно осмислен од 4-годишно детенце кое си играло зад шанкот во ресторанот на неговиот дедо.

И покрај тоа што името на детето не е никогаш познато на јавноста, се верува дека неговиот живот го поминал како сопственик на угостителски објекти во Барселона.

legendite-za-nastanuvanjeto-na-najvkusnite-kokteli-07

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg