Витамински пијалаци за здраво освежување после тренинг

Доколку се занимавате со спорт и редовно тренирате, нутриционистите ви препорачуваат вкусен витамински коктел по серијалот вежби, кој ќе ви помогне брзо да ја вратите енергијата.

vitaminski-pijalaci-za-zdravo-osvezuvanje-posle-trening-01

Пена од мед, бадеми и млеко за регенерација

Овој коктел ќе ви помогне да ги обновите мускулните влакна по напорните вежби. Неопходни ви се лесно сварливи протеини и шеќери, па затоа ви предлагаме да го испробате овој микс.

Измешајте 150g мелени бадеми, 1,5dl млеко, 50g крем сирење, 2 лажици мед и 1 лажица природен екстракт од ванила, па добиената пенеста маса испијте ја најдоцна 1 час по тренингот.

Сокот од морков и лимон ги елиминираат солите

По напорното трчање или аеробикот кој ве препоти, обидете се испиете сок од морков и лимон кој ќе ја подобри работата на бубрезите и ќе го забрза исфрлањето на токсини од организмот.

Измешајте 2dl сок од морков и сок од 1 лимон, додајте 2 капки масло од грејпфрут и лажица мед и испијте го наеднаш.

Сок од грејпфрут против воспаленија

За да го спречите воспалението на зглобовите и мускулите по напорниот тренинг, а и да го поттикнете произведувањето на колаген во огранизмот, испијте 1 чаша сок од грејпфрут со половина лажица ѓумбир во прав.

По желба засладете со лажица мед и разредете со малку вода.

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg