Сладок сок кој го храни телото и го убива гладот

Многу од вас попрво ќе посегнат по овошен сок, отколку по самото овошје. Токму затоа, вреди да ја испробате оваа комбинација на вкусови која ќе ве воодушеви и засити.

sladok-sok-koj-go-hrani-teloto-i-go-ubiva-gladot-01

Потребни ви се само 3 вида на овошје богато со витамини, минерали и влакна:

Јагоди - Моќен антиоксиданс, извор на витамин Ц и витамин Б-9.

Банани - Ја подигнува енергијата, полна е со минерали како магнезиум, калциум, железо и цинк, како и со витамини Б, Ц и Е.

Портокал - Богато цитрусно овошје преполно со витамин Ц, калиум, калциум и магнезиум.

Состојки за кремаст, кашест сок:

  • 1 шолја сок од свеж портокал
  • 8 до 10 јагоди
  • 1 банана
  • 3-4 коцки мраз

Подготовка:

Овошјето измијте го и исчистете го и ставете го во блендер. Додајте го мразот и добро миксирајте 5-6 минути.

Пијалакот испијте го за појадок или наместо нездравата ужина.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава