Златно млеко: Пијалак кој може да ви го промени животот

Златното млеко е прекрасен, вкусен и неверојатно здрав пијалак а консумирање, посебно погоден во вечерните часови.

zlatno-mleko-pijalak-koj-moze-da-vi-go-promeni-zivotot-01

Главната состојка на ова златно млеко е куркумата, која има повеќе од 150 потенцијално тераписки функции, а богата е со антиоксидансни, противвоспалителни и антиканцерогени својства.

Додавањето на бибер во целиот рецепт ја зголемува телесната апсорпција на куркумата на 2000%!

Подготовка на златното млеко:

1 чекор - Паста од куркума

Состојки: ¼ шолја куркума во прав, ½ лажица мелен бибер, ½ шолја филтрирана вода

Подготовка: Помешајте ги сите состојки во сад за варење на средна јачина. По неколку минути мешање треба да добиете густа паста. Оставете ја смесата да се олади, а потоа чувајте ја во мала тегла во ладилник.

2 чекор - Златно млеко

Состојки: 1 шолја бадемово млеко (кокосовото или домашното кравјо млеко cе одлична алтернатива), 1 лажица кокосово масло, ½ лажичка паста од куркума и мед.

Подготовка: Комбинирајте ги сите состојки освен медот во сад за варење. Додека го загревате млекото со маслото и пастата, не дозволувајте да зоврие. На крај, додајте мед по желба.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава