Поинакво освежување: Популарното Мохито на 3 нови начини

Летниот коктел кој е најпопуларен изминативе неколку лета сега добива нов изглед и вкус. Комбинацијата на лимета, ментол и рум направете ја уште поосвежителна!

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-01

Не верувате дека е возможно?

Розово Мохито од грејпфрут

Состојки: Шеќер, 6-7 листови ментол, 50ml рум, 30ml карамелизиран шеќер, 10ml сок од црвен грејпфрут, минерална вода, мраз.

Подготовка: На работ на чашата ставете шеќер, а на дното ставете ги листовите ментол. Додајте го карамелизираниот шеќер и мешајте за ментолот да пушти малку сок. Потоа додајте го румот со сокот од грејпфрут и наполнете ја чашата до половина со мраз. Полијте ја минералната вода и украсете со парчиња грејпфрут.

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-02


Мохито со боровинки

Состојки: 1 шолја свежи боровинки, 120ml чист рум, 10 листови ментол, 2 лажици шеќер, сок од 2 лимети, минерална вода.

Подготовка: Во блендер измиксирајте ги боровинките додека не добиете изедначена смеса. Во шејкерот ставете го и ментолот и шеќерот. Додајте го сокот од лимета, румот и добро промешајте.

Ставете лед во чашата, истурете ја мешавината од блендерот и дополнете со минерална вода и украсете со листови ментол.

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-03


Текила мохито

Состојки: 30 листови ментол, 1 лимета, 30ml карамелизиран шеќер, 60ml текила, мраз, минерална вода.

Подготовка: Речиси идентично како основниот Мохито рецепт. Мразот, ливчињата ментол, текилата и шеќерот истурете ги во блендер и мешајте. Лиметата исцедете ја и поделете ја во чашите, ставете го миксот од блендерот и додајте ја минералната вода.

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-04

Време е за освежување... На здравје!

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава