Наместо кафе, подгответе освежителен пијалак за овошно будење

Ако сте човек кој го избегнува кофеинот, а сепак има потреба од нешто што ќе го разбуди, имаме идеално, овошно решение.

namesto-kafe-podgotvete-osvezitelen-pijalak-za-ovosno-budenje-01.jpg

Една мајка на својот блог го сподели овој рецепт за утринска овошна бомба која ве буди и го забрзува метаболизмот.

Еве што ви е потребно за да го подготвите:

  • Шолја кисела вода
  • ½ шолја сок од портокал
  • Лажица јаболков оцет
  • Неколку малини
  • 4-5 листови ментол
  • Лажица мед

Сите состојки ставете ги во чаша и мешајте додека не се соединат.

Малините додајте ги на самиот крај и можете да ги изгмечите со цевка или лажичка.

Испијте на неколку пати и подготвени сте за енергичен старт!

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава