3 брзи пијалаци со разладувачки ефект

Наместо да се позиционирате под клима уредот и да пиете купечки пијалаци кои се рекламираат преку ефектот на разладување, телото ќе ви биде благодарно доколку го почестите со природно освежување.

3-brzi-pijalaci-so-razladuvacki-efekt-01.jpg

Ова се 3-те пијалаци кои го ладат телото, ја регулираат температурата и ги чистат собраните токсини од организмот.

Кога температурите ќе се искачат до 40-от степен, еве што ви е потребно:

Пијалак од јогурт и вода

Дуетот од вода и јогурт е познат како традиционален пијалак на Индија, кој го освежува телото во секој дел од денот.

Состојки:

  • 2dl јогурт
  • 2dl вода
  • 1 лажица мед
  • ½ шолја исечкана диња
  • ½ шолја боровинки или рибизли

Сите состојки измешајте ги во бледнер, додека смесата не стане кремаста. Пијалакот чувајте го ладилник и освежувајте се кога и да имате потреба.


Вода со краставица и ментол

Краставицата дефинитивно е најефикасниот зеленчук кој се бори со високата температура на телото, додека листовите ментол даваат посебна арома.

Состојки:

  • 1l студена вода
  • 1 свежа краставица
  • 10-12 листови ментол

Краставицата исечкајте ја на кругови без да ја лупите и додајте ја во бокалот со вода. Додајте ги листовите ментол и оставете да отстојат неколку часа. Послужете со коцки мраз.


Пијалак со ѓумбир

Иако сите мислат дека неговиот пикантно лут вкус ќе ја влоши жештината на телото, грешат. Ѓумбирот има голем удел во регулирањето на телесната температура.

Состојки:

  • 1l минерална вода
  • Свеж сок од 1 лимета
  • 30g изрендан ѓумбир
  • 1/3 шолја исечкани листови ментол
  • 1 лажица мед

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги, а потоа процедете ја течноста од листовите ментол. Консумирајте кога и да почувствувате жед.

Би можело да ве интересира:

Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg