Подгответе: Чистач од крушки и ѓумбир

Веќе многу пати до сега сте слушнале за благодетите на ѓумбирот, а овој пат можете да го пробате во комбинација со слатки крушки.

podgotvete-cistac-od-kruski-i-gumbir-01.jpg

Затоа што сега е идеално време да пронајдете зрели круши, искористете ја нивната нота на егзотично.

Медицинските истражувања укажуваат дека оваа комбинација помага кај чистењето на организмот и за негово зајакнување.

Сочните и слатки круши се извор на диетални влакна кои позитивно делуваат на кардиоваскуларниот систем, но и на системот за варење.

Состојки:

  • 3 крушки исчистени и излупени
  • 2 тенки кругчиња ѓумбир
  • ¼ краставица

Сите состојки промешајте ги во електричен соковник, процедете и послужете.

Овој пијалак е идеален за детоксикација и топење на масните наслаги. Консумирајте го пред или по оброк, но не како замена за исхрана.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава