Освежителен пијалак - уништувач на непријатниот здив во устата

Ако ја одржувате хигиената во устата а и понатаму ве мачи лошиот здив обидете се да го отстраните со помош на еден пијалак.

osvezitelen-pijalak-unistuvac-na-neprijatniot-zdiv-vo-ustata-01

Се работи за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц кој ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

  • 2l обична негазирана вода
  • 1-2 големи портокала
  • 3 кивија
  • 5 јагоди
  • Сок од пола лимон или лимета

Подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и исечкајте ги плодовите на парчиња по желба. Додајте го овошјето во водата, како и сокот од лимон, па оставете ги состојките барем 1 час во фрижидер.

Послужете ги со коцки мраз и листови мента, кои се одлични за уништување на лошиот здив.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава