Чудо во чаша: Вкусен пијалак за лесно слабеење

Урбаниот начин на живот често нè тера да посегнеме по масни, пржени или слатки залчиња кои имаат страшно влијание на нашето тело.

cudo-vo-casa-vkusen-pijalak-za-lesno-slabeenje-01

Освен тоа што внесуваме непотребни калории, таканаречената брза храна го забавува метаболизмот и го нарушува системот за варење.

Доколку сакате да му направите услуга на своето тело и притоа да изгубите некој килограм, во дневното мени додајте го овој вкусен и здрав пијалак.

Состојки:

  • 1 лажица ситно исечкан спанаќ или зелје
  • 2 јаболка
  • 2 помали или 1 поголема краставица
  • 1 лимон
  • 2 стебла целер

Подготовка:

Излупете ги краставицата и лимонот, а листовите на спанаќот или зелјето прво добро измијте ги, па исечкајте ги. Сето тоа заедно со исечканите јаболка и стеблата целер ставете го во блендер и по желба додајте малку вода или неколку коцки мраз. Добро измиксајте го и веднаш сипете го во чаша.

Најдобро е да го консумирате меѓу оброци, како ужина или навечер наместо вечера.

Резултатите ќе ги почувствувате многу брзо.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава