Стар рецепт: Млеко од кромид и мајчина душица против болки во грлото

Домашните лекови кои се префрлаат од генерации на генерации може да делуваат многу подобро од купечките. Токму такво е и ова млеко кое го лекува грлото брзо и ефикасно.

star-recept-mleko-od-kromid-i-majcina-dusica-protiv-bolki-vo-grloto-01.jpg

Ако имате болки, гребење или кашлица која ви го надразнува грлото, испробајте го овој рецепт.

Состојки:

  • 3 големи кромиди
  • Каранфилче
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 гранче мајчина душица
  • Вода
  • ½ шолја млеко

Подготовка:

Неизлупениот кромид ситно насечкајте го и префрлете го во тенџере заедно со каранфилчето, шеќерот, мајчината душица и водата.

Водата треба едвај да го покрива насечканиот кромид во садот.

Варете околу 2 часа. Мешајте и по потреба додадете малку вода.

Мешавината прецедете ја, а млекото добро загрејте го.

Растворот од кромид помешајте го со иста количина на млеко и пијте 3 пати дневно.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава