Лековит пијалак од ленено семе: Чисти од токсини, го топи целулитот, го лечи чирот...

Лененото семе содржи огромен број на корисни состојки кои вклучуваат витамини, минерали, омега-3 масни киселини и влакна. Ова семе има моќ да го исчисти организмот, да го нормализира метаболизмот, да го регулира шеќерот и да го намали апетитот.

lekovit-pijalak-od-leneno-seme-cisti-od-toksini-go-topi-celulitot-go-leci-cirot-01.jpg

Пијалакот во кој главна состојка е семето од лен е препорачан од огромен број нутриционисти кои потврдуваат дека е корисен за луѓе кои патат од гастритис, чир на желудникот и хемороиди. Исто така, може да излечи полесни облици на цистит и пиелонефритис.

Пијалакот треба да го подготвите ден порано.

Пред спиење прелијте 3 лажици семе од лен со 1 литар зовриена вода и оставете го да отстои преку ноќ.

Најдобро е да користите термос или тенџере со капак.

Следното утро процедете ја течноста. Би требало да добиете густа, проѕирна смеса.

Пијалакот консумирајте го 3-4 пати во текот на денот, по околу 150ml половина час пред секој оброк.

Важно е да го пиете свежо процеден, односно да не чувате залихи за следните неколку дена.

lekovit-pijalak-od-leneno-seme-cisti-od-toksini-go-topi-celulitot-go-leci-cirot-02.jpg

Начин на консумирање:

Пијалакот од ленено семе се консумира 10 дена, а потоа се прави пауза од 10 дена и така во континуитет, додека не се постигне посакуваниот резултат.

На овој начин можете да ја регулирате тежината, а најдобри ефекти ќе добиете после 3 до 5 третмани.

Пијалакот може да го консумирате како појадок и вечера, а за подобар вкус може да додадете и лажица мед.

Со редовно консумирање ќе забележите позитивни промени на кожата, нејзино подмладување и топење на целулитот на критичните делови.

Освен тоа, течноста од лененото семе е одлична за лечење на песокот и камчиња во бубрезите, но при вакви случаи треба да се консултирате со лекар.

Важно: Овој пијалак не се препорачува на луѓе со сериозни заболувања на црниот дроб.

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg