Се прави за 5 минути, се пие 5 дена и симнува 3 килограми

Ако ви е потребно во најкус можен рок да изгубите неколку килограми, без да гладувате, тогаш ви треба магично решение во последен момент.

spas-vo-posleden-moment-pijalak-koj-ekspresno-gi-simnuva-kilogramite-01

Нема магија во составот, но ефектот е неверојатен. Ова е пијалакот кој може да ви помогне во моментите кога ви е најпотребен.

Доволни ви се само 5 дена за да се ослободите од 3 килограми.

Состав:

  • 1 китка магдонос
  • 1 лимон
  • 1 чаша вода


Подготовка:

Магдоносот исечкајте го ситно, најдобро во блендер. Исцедете го сокот од лимонот и налејте чаша вода.


Начин на консумација:

Сокот би требало да го пиете наутро, на празен желудник, само 5 дена, а после тоа да направите пауза од 10 дена. Овој сок помага во согорувањето калории, го храни нашето тело со витамини и минерали.

Освен тоа, магдоносот го подобрува варењето и ни овозможува да се ослободиме од насобраната течност во организмот која нè прави подебели од тоа што сме.

За пет дена може да ослабете и до три килограми. Ако сокот со вода ви е здодевен, магдоносот додајте го во јогурт кој исто така ќе го потпомогне варењето, но да има 0% масленост.

Него може да го пиете попладне, а сокот со вода, наутро. Ефектот веднаш ќе го забележите, а ќе се чувствувате и многу посвежо и поенергично.

Овој пијалак нема да ви ги избрише калориите ако прекумерно јадете во остатокот од денот. Но, доколку се придржувате до здравата и умерена исхрана, ефектот ќе ви биде и многу подолготраен.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава