Како да подготвите совршено варено вино со рум? (видео)
Се подготвувате за новогодишна и божиќна прослава? Или само сакате да уживате со пријателите на снег, со топло вино во раката?

Овој рецепт за совршено варено вино со зачини и рум ќе го обожаваат сите ваши најблиски, а вас ќе ви донесе многу пофалби, затоа подгответе го уште денес.
Состојки:
- 200g шеќер во прав
- 1 портокал
- 1 лимон
- 1 лимета
- 1 гранче ванила или 2 лажици арома од ванила
- 6 каранфилчиња
- 1 големо стапче цимет или 1-2 лажички цимет во прав
- 1 морско оревче, по желба
- 6 ѕвездички анасон, по желба
- 100ml рум
- 2 литри вино
Подготовка:
Прво го ставате шеќерот со сокот од портокал, лимон и лимета, а потоа ги додавате сите зачини.
Истурате половина литар вино и варите додека не добиете густ сируп. Потоа го додавате целото вино и варите 5 минути.
На крајот го додавате румот.

Целата постапка погледнете ја во видеото. Ќе ви се припие во истата минута!
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...