Помогнете си на едноставен начин: 16 најдобри пијалаци за секоја незгодна ситуација

Што да се напиете доколку ве боли грлото или желудникот? Каков пијалак ќе ви помогне да ја зголемите енергијата, а со кој побрзо ќе заспиете? Одговорите ги имате токму тука...

pomognete-si-sebe-na-ednostaven-nacin-16-pijalaci-za-sekoja-situacija-1

После физички напор, болест или чувство на замор добро е да се напиете какао или чоколадно млеко, па погледнете повеќе како преку различни пијалаци можете да си помогнете:

1. Млеко за мускули

Млекото е одличен пијалак за после тренингот, бидејќи тоа го стимулира растот и зајакнувањето на мускулите. Најдобро е да одберете свежо и полномасно млеко.


2. Зелен чај и сок од грејпфрут за слабеење

Овие два пијалаци имаат голема делотворност врз забрзувањето на метаболизмот, но и врз елиминацијата на токсините од организмот. Најдобро е сокот од грејпфрут или чашата зелен чај да ги пиете наутро, пред да појадувате.


3. Какао за оздравување

После болест или чувството на замор, добро е да се напиете какао или чоколадно млеко. Тоа е одлично заради содржината на јаглените хидрати и протеини, кои на телото му даваат енергија.


4. Пиво за подобра циркулација

Кај студените и болни нозе во зимските месеци, добро е да се напиете 2,5 dl  пиво дневно. Овој пијалак помага при опуштањето на крвните садови и така се забрзува протокот на крвта, но важно е да внимавате и да не претерувате со пиењето.


5. Сок од вишни пред трчање

Кај долгото трчање доаѓа до замор на мускулите и недостаток од електролити. Кај луѓето кои интензивно тренираат, најчесто посегнуваат по енергетски пијалаци, но еднакво дејство има и домашниот сок од вишни, а освен тоа овој пијалак ќе го забрза оздравувањето на мускулите после тренингот.

pomognete-si-sebe-na-ednostaven-nacin-16-pijalaci-za-sekoja-situacija-2

6. Чај од ѓумбир за желудник

Ѓумбирот е одличен лек за смирување на мачнините, а добро делува и на желудникот и цревата, па затоа се советува да се консумира и после болести на желудникот.


7. Чај од куркума за болно грло

Кога ве боли грлото важно е да пиете повеќе течности, бидејќи токму сувоста во грлото ја зголемува болката. Чајот од куркума е одличен народен лек, бидејќи создава заштита на слузницата, која го намалува чувството на гребење и пецкање.


8. Кокосово млеко за рани во устата

Кај афтите, изгорениците во устата или друг вид рани, помошта доаѓа во облик на кокосово млеко. Овој пијалак можете да го загреете и испиете, а делува како аналгетик и е сојузник во борбата против габични инфекции.


9. Пијалак со алое вера за подобро варење на храната

Алое верата е одлично решение доколку имате проблеми со цревата и тешкотии со варењето на храната. Можете да ја мешате алое верата во прав со обична вода, а најдобро е пијалакот да се чува на собна температура и така да се пие.


10. Јогурт за имунитетот

Делува врз намалување на воспаленијата и ги смирува инфекциите, јогуртот е одличен за зајакнување на имунитетот.

pomognete-si-sebe-na-ednostaven-nacin-16-pijalaci-za-sekoja-situacija-3

11. Камилица за заспивање

Чајот од камилица е народен, но и проверен лек за лесно заспивање. Важно е чајот да не го засладувате, бидејќи шеќерот има спротивен ефект и ќе го пробуди организмот.


12. Лимонада за енергија

Витаминот Ц во лимонот е природен додаток за зголемување на нивото на енергија во телото, а и се советува да се испие веднаш откако ќе го исцедите. Иако се советува да се пие за време на настинка, стручњаците советуваат дека тогаш е доцна за лимон и дека тој треба да се пие претходно за да не дојде до настинка.


13. Смути од банана за мамурлак

Пиењето алкохол предизвикува дехидрација и губење на витамини и минерали од телото. За да се воспостави рамнотежа добро е  да се пие вода, а уште подобро е да се подготви смути од банана, која е богата со витамин Б и калиум.


14. Вода за непријатен здив

Најголем виновник за појавата на непријатен здив е дехидрираноста, заради која се размножуваат бактериите во устата. Сите други пијалаци освен водата, можат да ја влошат ситуацијата со тоа што ќе го нарушат природниот ph во устата.


15. Вода со сода бикарбона за подуеност

Кај болките во стомакот, подуеност и гасови, помошта побарајте ја во сода бикарбона. Мала количина на сода бикарбона- околу ¼ кафена лажичка помешајте ја со 2dl вода.


16. Сок од кисели краставички за грчеви во мускулите

Иако не е највкусен пијалак, течноста од киселите краставички помага во намалување на болните грчеви во нозете. Овој пијалак исто така ја чисти крвта од претераните киселини.

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg