Домашен Бејлис готов за 10 минути

Направете го популарното Бејлис во домашни услови и разгалете се со кремастиот вкус на млеко и кафе. Секогаш можете да го споделите или подарите на најблиските.

domasen-bejlis-gotov-za-10-minuti-01.jpg

Потребни состојки:

  • 1 шолја слатка хопла
  • 1 конзерва кондензирано млеко
  • 1 и 2/3 шолја ирско виски
  • 1 лажица инстант кафе
  • 3 лажици чоколаден прелив
  • Ванилин шеќер и екстракт од бадем, по желба

1. Во блендер измешајте ја павлаката, кондензираното млеко, вискито и инстант кафето. Ако одбравте да ставите екстракт од ванила и бадем, додадете го.

2. Мешајте на максимална брзина околу 30 секунди. При крај додајте го чоколадниот прелив.

3. Претурете во стаклено шише, силно затворете и чувајте го во фрижидер. Пред послужување задолжително протресете го шишето.

domasen-bejlis-gotov-za-10-minuti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава