Домашен сок против пролетните алергии

Пролетните алергии се честа и непријатна појава која не може целосно да се излечи на природен начин, но затоа може да се ублажат симптомите.

domasen-sok-protiv-proletnite-alergii-01.jpg

Ако ви почнува сезоната на кивање, солзење на очите и течење на носот, ви препорачуваме да го пробате овој рецепт.

Потребно ви е:

  • 1 морков со средна големина
  • 2 големи портокали
  • ½ краставица
  • 10 листови нане
  • 20g корен од ѓумбир

Измијте и излупете ги сите плодови. Исечкајте ги ситно и ставете ги во блендер, а листовите нане додајте ги неколку секунди пред крај.

Портокалите ќе го снабдат имунолошкиот систем со витамин Ц, нането е одлично инхалационо средство, а ѓумбирот е моќен антиоксиданс кој може да ја намали болката во главата предизвикана од честа кивавица.

Доволна е една чаша од овој сок пред да појадувате за да бидете заштитени во текот на денот.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава