Сурутка со лимон: Го зајакнува имунитетот и ги топи килограмите

Вкусната сурутка со лимон се користи за да се подобри варењето на храната, за регулирање на холестеролот, елиминирање на стресот, но и за губење на вишокот килограми.

surutka-so-limon-go-zajaknuva-imunitetot-i-gi-topi-kilogramite-1

Сурутката е производ кој настанува во текот на правењето на сирење, а со векови се користи како средство за подобрување на здравјето.

Како се подготвува сурутка:

1. Зовријте 1l млеко и додека е врело, додајте му сок од еден лимон.

2. Оставете го да постои некое време, додека не се одвои проѕирно зелената течност (сурутка), која треба да ја истурите во шише и да ја ставите во фрижидер.

Начин на употреба: 

Секој ден мешајте 1 супена или кафена лажичка од сурутката во една чаша со вода и пијте за време на секој оброк.

Сурутката е одлична за слабеење, бидејќи ќе ве направи да се чувствувате сити подолго време. 

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава