Магичното смути на Кендис Сванапул за совршено рамен стомак

Манекенката Кендис Сванапул најголемо внимание му посветува на својот совршено стегнат стомак, па покрај вежбите во теретана, секојдневно консумира здраво и свежо смути кој е нејзин најголем сојузник.

magicnoto-smuti-na-kendis-svanapul-za-sovrseno-ramen-stomak-01.jpg

Покрај тоа што овошното смути и ја одржува линијата, Кендис вели дека од него добива супер енергија која ја држи свежа во текот на целиот ден.

За да го испробате нејзиниот рецепт потребно ви е:

  • 1 смрзната банана
  • 1 лажица протеин во прав
  • 1 шолја боровинки
  • 1 лажица чиа
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 1 ½ шолја кокосова вода
  • 1 лажица сушена спирулина

Сите состојки измешајте ги во блендер и по желба додадете мраз.

Заедно со краток тренинг за обликување на стомачните мускули, ова смути може да направи чудо за вашата линија.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава