Чај за концентрација и подобро помнење

Ако се подготвувате за последните испити и спасот го барате во кафето, но сепак се чувствувате како да немате воопшто концентрација, тогаш обидете се со овој здрав пијалак.

caj-za-koncentracija-i-pomnenje-1

Сите состојки кои се потребни за овој чај можете да ги набавите во билна аптека, а потоа пред да се фатите за работа напијте се една чаша и подобрете си ја концентрацијата и помнењето:

Потребни состојки:

  • 10g листови од гинко
  • 10g нане
  • 10g готу кола
  • 10g црвена детелина
  • 10g рузмарин
  • 10g свеж ѓумбир

Начин на подготовка:

Измешајте ги во еден сад сите состојки, а потоа прелијте ги со 2-3dl зовриена вода. Чајот оставете го да постои 10-тина минути па потоа исцедете го. Засладете по желба со мед или кафен шеќер. 

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава