Шејк кој го менува расположението: Кремаст рецепт од јагоди
Ако мислевте дека храната не може да ве направи посреќни, тогаш сигурно не сте го пробале овој кремаст милкшејк од јагоди.

Можете да го направите со било кое овошје, но затоа што моментално е сезона на сочните јагоди ви предлагаме да го пробате овој рецепт:
- 450g јагоди
- 2 лажици кафеав шеќер
- ¼ шолја мед
- 3 шолји ладно млеко
За подобар вкус може да додадете:
- 1 банана
- ½ лажица цимет
- 100ml слатка павлака
- Топка сладолед
Подготовка:
Добро измијте и исчистете ги јагодите, потоа исечете ги на четвртини и додајте им го шеќерот. Спакувајте ги во 2 кеси, а потоа замрзнете ги.
Кога добро ќе се заледат, извадете ги иставете ги во блендер, па додајте ги сите останати состојки.
Испасирајте 2-3 минути и послужете.

Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...