Да знаете колку е моќен овој пијалак, ќе го пиете секој ден

Кога ќе ни пристигнат тропските жештини, се што сакаме е вкусно, студено уживање. Ако прва асоцијација за тоа до сега ви беше лимоната со мраз, сега ќе имате нов хит - вода со краставица.

da-znaete-kolku-e-moken-ovoj-pijalak-ke-go-piete-sekoj-den-01.jpg

Покрај тоа што моментално ќе се освежите, оваа комбинација ќе ви биде добар сојузник во борбата против целулитот и вишокот килограми.

Познато е дека водата содржи 0 калории, додека 1 краставица во просек има околу 50 калории, што овој пијалак го прави подобар од било која ароматизирана вода.

Краставицата ќе ви помогне да го намалите чувството на глад, што автоматски ќе ви помогне во борбата против вишок килограми.

Исто така, од само 2-3 чаши дневно ќе добиете позитивни ефекти на кожата, затоа што е богат со антиоксиданси и витамини А и Д.

Како да го подготвите пијалакот?

Ставете 2 литри вода во стаклен бокал. Земете една голема краставица, добро измијте ја, не ја лупете и исечете ја на тенки кругови. Ставете ги во бокалот и оставете да отстои неколку часа пред употреба.

По желба, може да додадете лимон, лимета, нане или некоја друга состојка.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава