Летен коктел со лубеница кој го топи салото

Комбинацијата на овошје и зеленчук е нешто најдобро што може да пробате ова лето. Искористете ја максимално сезоната на лубеници и стопете го салото со вкусен, летен коктел.

leten-koktel-so-lubenica-koj-go-topi-saloto-01.jpg

Потребно ви е:

  • ½ шолја исечкана краставица
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сок од лимета или лимон
  • 2 шолји исечкана лубеница

Подготовка:

Сите состојки излупете ги и исчистете ги семките. Парчињата лубеница и краставица изблендирајте ги, па додадете го сокот од лимон и медот.

По желба додадете коцки мраз и мешајте додека не добиете замрзнато смути.

Пијте го коктелот наутро на празен стомак или помеѓу оброци.

Предноста е што овој пијалак ќе ве држи сити подолго време без да внесете многу калории, а покрај тоа ги чисти бубрезите, го намалува крвниот притисок, го регулира шеќерот во крвта и ги топи наталожените маснотии.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава