Традиционална боза: Подгответе здраво и вкусно летно освежување

Бозата е еден од омилените пијалаци на овие простори. Освежителна и вкусна, но и многу здрава. Познати се вечерните излегувања од времето на родителите кои оделе на слатко и боза во „Апче“.

tradicionalna-boza-podgotvete-vkusno-i-zdravo-letno-osvezuvanje-01

Денес сè помалку има слаткарници во кои може да се најде вкусна и квалитетна боза која совршено одговара во топлите летни денови.

Ако собирате старо друштво или повозрасни роднини и пријатели, сигурно пријатно ќе ги изненадите ако ги потсетите на старите добри времиња преку традиционалниот вкус на бозата која може и сами да ја подготвите.

Состојки:

  • 5 литри вода
  • 4 супени лажици пченкарно брашно
  • 1 супена лажица пченично брашно
  • ½ мала коцка свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
  • 400 g шеќер


Подготовка:

Во поголемо тенџере, отприлика 7l, налејте 5l вода и ставете ја на шпорет да зоврие.

Во еден сад разматете 4 полни супени лажици пченкарно брашно и 1 полна лажица пченично брашно со малку вода, како за пудинг.

Таквата мешавина истурете ја во тенџерето со вода која врие. Намалете ја температурата и оставете да се вари околу половина час.  Не е задолжително постојано да мешате, само повремено.

Кога ќе биде сварена оставете да се излади и додајте го квасецот разматен во малку млака вода со малку шеќер. Оставете да отстои 24 часа, потоа процедете ја.

Благо карамелизираниот шеќер, потопете го во ½ l вода и оставете го да се провари. Откако ќе се излади додајте го во процедената течност, добро измешајте и сипете го во шише.

Ставете ја во фрижидер за убаво да се излади, а потоа послужете ја и изненадете ги пријатно домашните и пријателите.

Ако брзо ја испиете и сакате повторно да направите, зачувајте пола литар боза, наместо квасец кој ќе го додадете.

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg