Спас во чаша: Сок против камчиња во бубрег

Многу истражувања покажале дека барем 1 од 10 лица во животот се соочуваат со камчиња во бубрезите. Ако и вие сте дел од нив, тогаш мора да го пробате овој сладок сезонски сок.

spas-vo-casa-sok-protiv-kamcinja-vo-bubreg-01.jpg

Која храна го предизвикува создавањето на камчиња во бубрег?

Оксалатите во комбинација со калциумот и железото формираат кристали кои се исфрлаат преку мокрењето или пак остануваат во бубрезите во облик на големи и тврди соединенија кои го блокираат бубрежниот канал.

Намирници богати со оксалати се кикириките, бадемите, спанаќот, црниот чај, лешниците, соиното млеко, репката, чоколадото... Исто така ако патите од камче во бубрег би требало да го избегнете внесувањето на солени намирници богати со калциум, калиум и протеини.

Дневната количина на натриум не би требало да биде повисока од 2.000 милиграми дневно.

Сок со кој ќе се ослободите од камчињата:

  • 1 портокал
  • 1 јаболка
  • 1 лимон
  • 1 парче лубеница
  • 4 коцки мраз

Подготовка:

Портокалот и лимонот излупете ги, отстранете ги семките и кората од лубеницата, а останатото овошје добро измијте го и исечете го на коцки.

Додајте мраз и се заедно блендирајте додека не добиете течност без парчиња.

spas-vo-casa-sok-protiv-kamcinja-vo-bubreg-02.jpg

Сокот пијте го 2 пати дневно пред оброк.

Тајната е во комбинацијата на цитрусите кои го разградуваат калциумот и лубеницата која е извонреден диуретик кој ги чисти бубрезите.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава