Одличен летен ликер: Направете домашно лимончело

Лимончелото е познат италијански ликер со цитрусни ноти кои се одлична идеја за освежување во летните периоди. И токму така, за оние кои едноставно не сакаат само лимонада за освежување, туку сакаат и алкохолен, а сепак освежителен пијалак, може да се одлучат токму за овој рецепт.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-01.jpg

Не мора да одите до Италија за да го купите, туку сами може да го подготвите. Можеби малку ќе треба да го почекате, но тоа вреди. Ќе добиете одличен ликер кој можете да го консумирате како чист, така и за правење на одлични домашни коктели.

Потребни состојки:

  • 11 Лимони
  • 1750ml Вотка
  • 560g Шеќер
  • 630ml Зовриена вода

Начин на подготвување:

Исечкајте ја кората од лимонот и притоа внимавајте што е можно помалку од белиот дел да зафатите и лимоните оставете ги за друга употреба.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-001.jpg

Додадете ги корите од лимон во шише кое собира 2l течност заедно со вотката.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-2.jpg

Оставете го шишето да седи 3 дена, а откако ќе поминат тие 3 дена во него ќе го додадете шеќерниот сируп. Тој претходно го подготвувате на тој начин што во зовриената вода го додавате шеќерот и го мешате се додека не се растопи целосно.

Шишето ставете го во ладилник цел еден ден. Потоа исцедете го лимончелото и фрлете ги корите лимон.

odlicen-leten-liker-napravete-domashno-limoncelo-3.jpg

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава