Хит за ова лето: Направете безалкохолно Мохито за 3 минути

Летото очигледно ќе потрае, исто како и високите температури, па затоа време е да си пронајдете некое ново освежување.

hit-za-ova-leto-napravete-bezalkoholno-mohito-za-3-minuti-1.jpg

 Без оглед на тоа дали ќе се разладувате под клима или покрај базен, во секоја варијанта Мохитото нема да ви наштети.

Потребни состојки:

  • 1 лимета
  • ½ портокал
  • 5 лажички кафеав шеќер
  • 600ml кисела вода
  • Листови свежо нане
  • Мраз

Лиметата добро измијте ја, па исечете ја на парчиња и распоредете ја во чаши. Во секоја додајте нане, кафеав шеќер и мраз, па на крај прелијте со кисела вода.

Декорирајте со парчиња портокал.

hit-za-ova-leto-napravete-bezalkoholno-mohito-za-3-minuti-2.jpg

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава