Сок од 3 состојки кој ќе ве заштити во сезоната на вируси и настинки

Сезоната на вируси и настинки официјално почна со првите студени денови, па ако и вие веќе почнавте да кивате или чувствувате гребење во грлото, време е да си го зајакнете имунолошкиот систем.

sok-od-3-sostojki-koj-ke-ve-zastiti-vo-sezonata-na-virusi-i-nastinki-001.jpg

Покрај квалитетниот сон и здравата исхрана, може да ви помогне овој рецепт за брз и вкусен сок кој се подготвува за 2 минути и ви требаат само 3 состојки.

За виолетовата витаминска бомба потребни ви се:

  • 6 портокали
  • ¼ виолетова зелка
  • 1 свежо цвекло
  • 2 шолји вода

Промешајте ги сите состојки во соковник или блендер (претходно излупени) и добиениот сок испијте го наутро, на празен стомак.

Сокот може да го пиете секој ден затоа што е на природна база и нема несакани ефекти. Сепак, може и да направите пауза доколку почувствувате потреба.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава