Трик за уште покремасто и повкусно топло чоколадо

Топлото чоколадо е омилениот сладок пијалак во студените денови кои ни следуваат, но не секогаш домашно приготвениот рецепт е вкусен како во кафулињата. Која е тајната?

trik-za-uste-pokremasto-i-povkusno-toplo-cokolado-01.jpg

Потребно е да направите микс од неколку состојки, а не само да ставите лажичка какао и шеќер.

Кога еднаш ќе ја пробате оваа мешавина, ќе се откажете од обичниот рецепт.

Во еден голем стаклен сад измешајте 3 ½ шолји шеќер, 2 ¼  шолји какао прав, 1 мала лажичка сол. Ако топлото чоколадо го сакате погусто, ставете и 1-2 лажички густин.

Потоа правот претурете го во тегла.

Кога ќе сакате да направите топло чоколадо, само додадете неколку лажички од мешавината во топло млеко, варете неколку минути и претурете во шолја.

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава