Кралско смути за пролетна детоксикација на организмот
Како и на вашиот дом и на вашиот организам му е потребно пролетно чистење т.е. детоксикација. Исфрлете ги токсините кои се насобрале во организмот во текот на зимата со ова фантастично смути за да бидете витални и полни со енергија.

Одвреме-навреме на секој организам му е потребна детоксикација. Ова смути составено од куркума, јаболка, банана, ананас, спанаќ, ѓумбир и лимон ќе ве освежи и ќе ве наполни со енергија.
Потребни состојки:
- Малку млад спанаќ
- 2 јаболка
- 1 банана
- 3 парчиња ананас
- 1 лажица свежо набран ѓумбир
- ½ исцеден лимон или лимета
- Куркума (по желба)
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Уживајте во пијалакот кој има моќ да го прочисти вашиот организам во рок од неколку минути.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...