Коктел од Рафаело бомбици и вотка готов за 10 минути

Покрај малите количини на алкохол, веројатно ќе се согласите дека нема ништо подобро и од благ десерт, но зошто да не ги комбинирате заедно?

koktel-od-rafaelo-bombici-i-votka-gotov-za-10-minuti-001.jpg

Предлог за вкусен коктел - Рафаело коктел.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

  • 15 парчиња Рафаело бомбици
  • 300ml млеко
  • 70g шеќер
  • 250g слатка павлака
  • 200ml вотка

Подготовка:

1. Во сад ставете ги Рафаело бомбиците.

2. Додадете ги млекото и шеќерот и добро изматете ги состојките додека не добиете соединета смеса.

3. Додадете ја павлаката, а потоа и вотката.

4. Промешајте добро и ставете ја смесата во поголем сад за сервирање.

5. За да сервирате, употребете коктел чаши, млеко и кокос. Натопете го врвот на чашите во млекото, а потоа и во кокосот и ставете од коктелот.

На здравје!

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава