Магичното смути што ја одржува Адријана Лима во топ форма

„За жал, не постои магична пилула со која го одржувам своето тело. Потребна е напорна работа за да се остане во форма“ вели бразилската убавица....

Magicnoto-smuti-sto-ja-odrzuva-Adrijana-lima-vo-top-forma-01.jpg

Секое утро го започнува со 30-минутно трчање и возење велосипед во близина на својот дом, а потоа продолжува со Кросфит и боксување.

Ангелот на Викторија Сикрет препорачува да пронајдете физичка активност во која ќе уживате, но и пријател кој ќе ви прави друштво.

„Наполнете го стомакот со вода за да имате одлична кожа“, вели Лима. Уште еден додатен бонус при хидратацијата на телото е што на тој начин ќе ги намалите нездравите ужинки и грицки.

Во раните утрински часови веднаш по будењето, активирајте го вашиот метаболизам со полна пареа со здраво зелено смути.

Magicnoto-smuti-sto-ja-odrzuva-Adrijana-lima-vo-top-forma-02.jpg

„Мојот омилен утрински пијалак е многу едноставен, на база на вода, авокадо и мед“, вели Лима.

„Во деновите кога сакам нешто појако, водата ја менувам со млеко или јогурт“.

  •  1 чаша вода
  • ½  авокадо
  • Мед по вкус

Мерките, вели таа, не се строго прецизирани, односно можете да додадете повеќе или помалку од секоја состојка, како што сакате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава