7 рецепти: Вино + овошје = Рај во чаша
Ретко кој не сака алкохолно освежување среде лето, посебно ако е составено од омиленото вино и слатко, сезонско овошје.

Подгответе си рај во чаша за 10 минути со следниве 7 рецепти:
Постапката е секогаш иста - Го ставате овошјето во сад или бокал, го преливате со виното и соковите, додавате мраз, засладувате, зачинувате по желба и послужувате.
Розово вино со лимон и јагоди
- 750ml Розе вино
- 1 шолја сечкани јагоди
- ¼ шолја сок од лимон
- 1-2 лажички мраз

Бело вино со лубеница и нане
- 2-3 резенки лубеница
- Ливчиња нане
- 750ml бело вино
- 1-2 лажички шеќер во прав

Бело вино со цитрусна арома
- 1 шолја сок од грејпфрут
- 2 кивија
- 2 шолји лимонада
- 750ml бело вино

Бело вино со киви и ананас
- 2 шолји сок од ананас
- 2 кивија
- 1 шолја зелен чај
- 1 шолја бело вино

Бело вино со сок од јаболка
- 1 ½ шолја сок од бистро јаболко
- 1 шолја кисела вода
- 750ml бело вино или шампањ
- Свежи јаболка на коцки

Бело вино со коњак и праски
- 3 шолји оладен сок од праски
- 1 шолја сок од ананас
- 750ml бело вино
- Неколку капки коњак, по вкус

Шампањ со јагоди и цимет
- 2 шолји сечкани јагоди
- 1 сечкан портокал
- 1 сечкан лајм или лимон
- Ливчиња нане
- 1 лажичка цимет
- 750ml бело вино или шампањ

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...