Розе вино и текила за малку поинаква летна сангрија

Кој не сака сангрија? Омилениот шпанско-мексикански пијалак е на менито без оглед на сезоната, а овојпат имаме варијација во вкусот кој вклучува розе вино, текила и многу свежо овошје.

roze-vino-i-tekila-z-amalku-poinakva-letna-sangrija-001.jpg

Звучи чудно, но ова е добитна свежа комбинација за летните ноќи и совршен пијалак за забави.

Набавете ги состојките и направете си малку поинаква сангрија за паметење.

Потребни состојки:

  • 1 шише Розе вино
  • 1 шолја бела текила
  • 1 шолја свеж сок од лимета
  • 1/3 шолја агаве сируп (или малку повеќе, според вкус)
  • 2 шолји јагоди исечени на половинки
  • 1 шолја сечкани праски
  • 1 шолја боровинки или малини
  • 1 шолја исечени цреши на половина или мали парчиња љубеница
  • 2-3 лимети исечени на парчиња
  • Тоник
  • Босилек за декорација

Подготовка:

Во подлабок сад се мешаат сите наведени состојки, со исклучок на тоникот и босилекот.

Се остава добро да се олади. Пред сервирање, чашите се полнат со мраз и откако претходно нежно сте го промешале пијалакот, се налева во нив. Се полева со малку тоник одозгорa и се декорира со босилек и свежи цветчиња.

Roze-vino-i-tekila-za-malku-poinakva-letna-sangrija-03.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава