Рецепт: Маргарита со грејпфрут и луто пиперче

Овој зачинет коктел апсолутно ќе ве освои со лесната подготовка и невообичаениот вкус. Наменет за сите оние кои сакаат малку луто и зачинето, совршена мешавина на текила, грејпфрут и луто пиперче по вкус.

Margarita-so-grejpfrut-i-luto-piperche-01_copy.jpg

Подеднакво е вкусен и без пиперчето, а доколку се решите да го вметнете во коктелот, имајте на ум дека колку подолго стои пиперчето во течната мешавина – толку полут ќе биде коктелот.

Сите состојки добро се мешаат во длабок сад или бокал и се остава да се излади од 1-3 часа.

Омилената чашка за коктел обложете ја со мешавина од чили пипер, сол и кафеав шеќер и декорирајте со парченца грејпфрут и лимета.

Уживајте!

Потребни состојки:

  • 350ml бела текила
  • 2 шолји сок од грејпфрут
  • 2/3 шолја сок од лимета
  • ¼ агаве сируп (или мед)
  • 1-2 лути пиперчиња исечкани на кругови

За обложување на чашата:

  • 1 лажица црвено чили
  • 1 лажица сол
  • 2 лажички кафеав шеќер

Margarita-so-grejpfrut-i-luto-piperche-03_copy.jpg

Margarita-so-grejpfrut-i-luto-piperche-02.jpg

Margarita-so-grejpfrut-i-luto-piperche-04.jpg

Margarita-so-grejpfrut-i-luto-piperche-05.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава