Совршен коктел од капини и бурбон за испраќање на летото
Полека ги пречкртуваме деновите во календарот кои ја одбележуваат летната сезона.

Испратете го летото со стил, со овој едноставен и брз коктел, додека имаме свежи капини на пазарот.
Започнете со неколку свежи капини, додадете неколку ливчиња свежо нане, малку мед по вкус и мала лажичка сок од лимон.
Мешајте додека не ги здробите добро капините и не ги испуштат своите природни сокови.


Додадете бурбон (количината ја одредувате вие, според тежината на работната недела), мраз и малку тоник за да го завршите коктелот.
Декорирајте со ливчиња нане и уживајте во овој прекрасен домашен коктел.

(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...