Коктел кој ќе ве стопли и расположи: Спој од виски и јаболка
Ако зборуваме за производи карактеристични за тековната сезона, тогаш есенскиот список не може да помине без јаболка.

Овој коктел, чија главна основа е вискито, е совршен за ладните есенски денови. Со него секој час може да го претворите во „happy hour“.
Мешавината со свежи јаболка и јаворов сируп е добитна комбинација за љубителите на коктели и слатки богати вкусови.
Намирниците се лесно достапни, а подготовката едноставна.
Започнува вака:
Потребни состојки:
- 180ml квалитетно виски
- 4 лажички свеж лимонов сок
- 4-6 лажици јаворов сируп
- 1 шише Somersby со вкус на јаболко
- Јаболко за декорирање
- Мраз

Како се прави?
Се мешаат сите состојки енергично во шејкер, вклучително и мразот.
Декорирајте со парчиња јаболка.
На здравје.

(O)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...