Есенски рецепт: Чоколадно вино
Британските научници тврдат дека чоколадото и црвеното вино не само што се корисни, туку морате да ги вметнете во вашата секојдневна исхрана.

Ние се согласуваме со нив и откривме интересен начин како да ги комбинирате овие одлични производи во топол пијалак.
Потребни состојки за двајца:
- 1.5 шолја млеко
- 1 шолја црвено вино (по можност Cabernet Sauvignon)
- 1/3 шолја изрендано темно чоколадо
- Слатка павлака за декорација
Подготовка:
Во сад ставете ги млекото и чоколадото и растопете ги додека не добиете совршено соединета смеса. Топете ги на средна температура.

Кога ќе добиете густо чоколадно млеко додадете го виното и продолжете да мешате.


Кога ќе забележите дека и виното е малку загреано, истурете го во две шолји.

Уживајте!

Н. Г. | Црнобело