Што нутриционистите никогаш не би ставиле во своето смути?

Нивните причини се сосема разбирливи. Што ако само поради една мала грешка, си го минирате вашиот обид за здрав почеток на денот?

shto-nutricionistite-nikogash-ne-bi-stavile-vo-svoeto-smuti-1.jpg

На интернет постојат мноштво различни рецепти за подготовка на смути, а во нив, често се провлекуваат и неколку состојки кои нутриционистите никогаш не би ги измешале во својот пијалак.

Зошто? Бидејќи го претвораат во вистинска шеќерна бомба. Дознајте кои се намирниците кои експертите за исхрана ги означија како изразено непосакувани:

1. Овошен јогурт

„Толку многу скриени шеќери има во овошните јогурти, што кај некои изнесува околу 26 грама по чашка, а притоа не се доволно хранливи“, предупредува Сара Хас, гласноговорничката  на Академијата за исхрана и диететика. Наместо нив, користете павлака и секогаш внимателно читајте ја декларацијата на производот. Ако пишува дека производот содржи додадени шеќери, немојте да го ставате во смутито.

shto-nutricionistite-nikogash-ne-bi-stavile-vo-svoeto-smuti-3.jpg

2. Протеин во прав

„Претпочитам да додадам некој друг извор на протеини, како што се јогурт, посно сирење, тофу или путер од бадеми. Ако веќе користите протеин во прав, тогаш внимавајте барем да нема дополнителни шеќери, или, пак, да максимум 20 до 30 грама протеин по доза. За жените е препорачливо да внесуваат 46 грама протеини на ден, а сигурно во текот на денот ќе каснете и нешто друго освен смутито", вели нутриционистката Вандана Шет.

shto-nutricionistite-nikogash-ne-bi-stavile-vo-svoeto-smuti-4.jpg

3. Овошен сок

„Доколку ставите овошен сок во смутито, ниту ќе му даде вкус, ниту пак, ќе ја зголеми хранливата вредност. Всушност, ќе додадете само шеќери и калории. Наместо сокови, попрво искористете свежо овошје, како што се шумските плодови, крушките или јаболката, а можете да вметнете и зелен лиснат зеленчук", објаснува Шет.

shto-nutricionistite-nikogash-ne-bi-stavile-vo-svoeto-smuti-5.jpg

4. Суво овошје

„Бидејќи сувото овошје не заситува исто како свежото, ќе бидете принудени да додадете повеќе за да се најадете.“, вели нутриционистката Анџела Џин-Медоу. „Покрај тоа, сувото овошје е полно со шеќери. Само третина шолја сува брусница содржи 26 грама шеќер. За да ја постигнете потребната текстура, а и подобар вкус на вашето смути, користете свежо овошје и зеленчук.“  

shto-nutricionistite-nikogash-ne-bi-stavile-vo-svoeto-smuti-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...
Хит-рецепт за освежување: Ледено кафе со банани (видео) Овој рецепт ќе им стане омилен на оние што денот го започнуваат со кафе и банана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg