Летен рецепт: Шарен шејк за слабеење
Пролетта и летото се идеални годишни времиња за „дотерување“ на линијата.

На располагање имате многу овошки и зеленчуци, додека топлото време многу повеќе ве тера да пиете течности.
Домашните шејкови се извонредни меѓуоброци, но и замена за цел оброк, бидејќи успешно заситуваат и ви ги овозможуваат сите хранливи состојки.
Во продолжение, ви нудиме рецепт за летен, шарен шејк кој ќе ви биде најдобар сојузник во целта да облечете секси бикини.
Потребни состојки:
- 1 свежа кајсија исечкана на ситни парчиња
- Шолја ананас на парчиња
- Цела банана
- 6 јагоди
- Полна шолја обработено млеко
Како се прави шарениот шејк?
Сите состојки се мешаат во блендер додека не добиете течна, густа и хомогена смеса.
Шарениот шејк е највкусен ако се послужи студен.


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...