Сезоната на коктели е отворена: 6 пролетни рецепти готови за 1 минута
Коктелите се клучни за добра пролетна и летна забава, а што е најважно, тие се првиот предвесник на топлите денови.

Па, со оглед на тоа што имаме сончево време веќе неколку недели, сезоната на освежувачки коктели ја прогласуваме за отворена!
6 пролетни и лесни рецепти за коктели, за кои не ви требаат скапи ликери.
(Количините се дадени по чаша)
1 топка сладолед од малини + свежи малини, прелиени со шампањ

1 или 2 шотови текила, малку сок од грејпфрут + газирана вода

2/3 чаша џин прелијте го со 1/3 засладен сок од лимета + додадете малку газирана вода за да го разредите

Ставете неколку исечени јаготки во чаша, додадете топка сладолед од јагоди и прелијте со сајдер од шумско овошје

¼ чаша исечени јагоди, ¼ чаша сок од лимета, малку нане, малку шеќер, ¼ чаша бел рум, ¼ чаша газирана вода и добивате Мохито со јагоди

¼ чашка бел рум, малку шеќер и дополнете со свежо цеден сок од лимета. По желба, додадете кршен мраз.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...