Алкохолно кремасто задоволство: Нутела ликер

Никогаш доста од Нутела. Тоа слатко кремасто задоволство, за кое луѓето наоѓаат сè повеќе и повеќе начини, да го вметнат во колку што е можно повеќе работи.

kako-da-napravite-nutela-liker-001.jpg

Го јадеме во торти, сладоледи, палачинки, а сега може да го измешаме и со алкохол.

Овој ликер од Нутела е превкусен и можете да го додадете во вашето кафе или како замена за чоколаден ликер во вашите коктели.

За ваша среќа, многу е лесен за подготовка, а сигурно ќе си бидате благодарни самите на себе, кога ќе знаете дека го имате во секое време во вашиот дом.

kako-da-napravite-nutela-liker-1_copy.jpg

Потребни состојки:

  • 240 ml вотка
  • 320 ml кондензирано млеко
  • 240 ml шлаг
  • 220 gr Нутела

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте ги додека убаво не се соединат.

Дозволете пената да се повлече, па потоа претурете ја смесата во шише, кое добро ќе го затворите. Можете да го чувате во фрижидер до 2 месеца.

Внимавјте: Маслото од Нутелата може да се одвои ако стои повеќе време, затоа пред сервирање, добро промешајте го ликерот.

kako-da-napravite-nutela-liker-2_copy.jpg

kako-da-napravite-nutela-liker-3_copy.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg