Кој алкохол предизвикува најлош мамурлак?

Скоро секој од нас има еден (или неколку) алкохолни пијалаци на црната листа. Мирисот на џин ве потсетува на парфем, не можете да помирисате црвено вино, а од текилата имате неколку црни дупки во меморијата.

za-nestata-da-bidat-pojasni-koj-alkohol-predizvikuva-najlosh-mamurlak-01.jpg

Сите имаме свои теории околу тоа кој пијалак предизвикува најголем и најлош мамурлак. Некои ги обвинуваат коктелите, други евтините пијалаци.

Но, што велат експертите за храна и вино (енолозите) по однос на ова прашање?

Секој вид алкохол во принцип го дехидрира организмот па логично е дека сите пијалаци од ваков тип да предизвикуваат мамурлак.

Сепак, има разлика од мамурлак до мамурлак во зависност од типот на алкохол благодарение на споредните продукти кои се всушност нуспроизводи на ферментацијата.

Тие го дефинираат вкусот и бојата на алкохолот, но црниот дроб особено тешко ги разложува, па поради тоа предизвикуваат дел од симптомите кои ги носи мамурлакот со себе, како на пример страшна главоболка.

„Квасецот ги ослободува овие споредни производи за време на ферментацијата, па производителите на вино и пиво не се во можност да ја контролираат нивната количина, односно пивото содржи многу малку од овие споредни продукти“ вели д-р Ендру Вотерхаус, професор по енологија и вински хемичар при Универзитетот на Калифорнија.

„Но, оние кои го вршат процесот на дестилација имаат прилично голема контрола врз дел од споредните продукти, тие можат целосно да ги исклучат или да ги вметнат во пијалакот за да си поиграат со неговиот вкус, боја или арома. Тоа е дел од магијата на производство на алкохол“.

Некои од овие споредни продукти кои се задржуваат во алкохолните пијалаци се пријатни на вкус, а други се по малку „пластични“, односно даваат „вештачки“ вкус.

При дестилацијата на вотка и џин целосно се отстрануваат споредните продукти со цел да се задржи поприроден неутрален вкус на пијалаците, додека споредните производи намерно се оставаат во потемните пијалаци, за поинтензивен вкус и потемна боја.

Од ваквиот тип пијалаци прв на листата со најмногу споредни продукти е брендито, потоа вискито и црвеното вино. На телото му е особено тешко да ги разложи, односно метаболизира.

Споредните продукти не се единствените виновници за нивото на мамурлак кој го предизвикуваат. И меурчињата играат особено важна улога.

za-nestata-da-bidat-pojasni-koj-alkohol-predizvikuva-najlosh-mamurlak-02.jpg

Јаглеродниот диоксид во шампањското, на пример, му помага на алкохолот побрзо да се апсорбира во крвотокот. Истото може да се каже за сите алкохолни пијалаци со меурчиња.

Особено погубно е кога алкохолните пијалаци се консумираат претерано брзо и на празен стомак. Дури и да се прејадете подоцна штетата е веќе направена и со сигурност ќе се разбудите со лош незаборавен мамурлак.

Најчестиот мит во кој веруваме поврзан со алкохолот е дека шеќерот измешан со алкохолни пијалаци води до лош мамурлак, но вистината е дека тој ги прави коктелите само повкусни за пиење.

za-nestata-da-bidat-pojasni-koj-alkohol-predizvikuva-najlosh-mamurlak-03.jpg

„Телото всушност многу лесно разложува шеќер за разлика од алкохол, па следствено – шеќерот не предизвикува којзнае каков мамурлак. Проблемот е во тоа што „зашеќерените“ алкохолни пијалаци изгледаат привлечно и полесно за пиење, па губите контрола колку сте испиле и најчестоја преминувате границата“, велат научниците.

Истото правило важи и за евтиниот наспрема скапиот пијалак. Неколку чаши евтина вотка нема да ви предизвикаат полош мамурлак од истата испиена количина поскапа вотка.

И евтината како и поскапата вотка не содржи во себе споредни продукти при процесот на дестилација. Проблемот е во тоа што поради цената на пијалакот многу поверојатно е дека од евтината ќе испиете повеќе, па следствено мамурлакот ќе е полош.

Кога ќе измешате повеќе различни алкохолни пијалаци мамурлакот доаѓа како гратис состојба во текот на утрото. Но, особено важно е по кој редослед ќе ги испиете пијалаците.

„Кога почнувате да пиете на почетокот пиете бавно, свесно и со уживање. Телото прилично лесно го разложува алкохолот. Но, колку што пиете повеќе и побрзо, толку му е потешко на делото да ‘ве следи’. Доколку започнете со пиво и продолжите со шутери, телото ќе има голем проблем да го ‘свари’ овој алкохолен шаблон. Доколку пак започнете обратно, прво со потешките пијалаци, а завршите со пиво, ќе му направите мала услуга на организмот“ – завршуваат истражувачите.

Запаметете – прво обоени „тешки“ пијалаци од менито, а завршете со пиво доколку веќе сте решиле да поминете луда незаборавна вечер исполнета со многу алкохол.

za-nestata-da-bidat-pojasni-koj-alkohol-predizvikuva-najlosh-mamurlak-04.jpeg

Најсигурен облог: Консумирајте во умерена доза

Како и за сите други работи во животот, така и за алкохолот важи истото правило – клучот е во умереноста. Пијте одмерено и полека, останете добро хидрирани, односно пијте вода заедно со пијалакот, добро најадете се, а после пиењето внимавајте добро да се одморите и наспиете. Објавете му војна на утринскиот мамурлак – и победете го.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg