Освежување за топлите денови: Лимонада со лаванда

Научно е докажано дека лимонадата со лаванда има благотворно дејство врз организмот. Освен што нè освежува,  претставува еден од најприродните лекови за главоболка и истовремено воспоставува баланс во целото тело.

osvezuvanje-za-toplite-denovi-limonada-so-lavanda-1.jpg

Се подготвува од исушени цветови или етерично масло од лаванда. Цветовите на лавандата содржат повеќе од 150 активни состојки кои делуваат против воспаленија, бактерии, па дури и депресија. Во некои медицински центри во светот, ароматерапијата со лаванда се применува за релаксација на пациентите пред операција.

Во продолжение следува рецепт за домашна лимонада со лаванда:

Потребни состојки:

  • ¼ шолја исушени цветови од лаванда или неколку капки етерично масло од лаванда
  • 6 лимони, излупени и исцедени
  • Мед по желба и вкус
  • 5 шолји вода

osvezuvanje-za-toplite-denovi-limonada-so-lavanda-2.jpg

Подготовка:

Зовријте половина од водата и тргнете го садот од оган. Додадете ги медот и лавандата. Оставете да отстои 20 минути, па процедете и префрлете во поголем сад.

Додадете го лимоновиот сок и остатокот од водата и добро измешајте. Оставете ја лимонадата убаво да се излади.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава