Алкохолна лимонада со вотка и нане

Коктелите се една од многуте причини зошто го сакаме летото. Се прават едноставно и брзо, а се толку вкусни и освежителни. Совршени за уживање на плажа или покрај него базен, или пак, на балконот или во градината дома.

leten-koktel-limonada-so-votka-i-nane-01.jpg

Коктелот во продолжение можете лесно да си го направите сами дома и да ги воодушевите пријателите.

Потребни состојки:

  • 1 лимета
  • свежи ливчиња нане
  • половина шолја сок од јагоди
  • 4 чаши лимонада
  • две чаши вотка

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и во смесата додадете ладна вода по желба. Сервирајте во голем бокал со коцки мраз.

Декорирајте со кришки лимета или парчиња јагоди.

Полн погодок за летните денови!

leten-koktel-limonada-so-votka-i-nane-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава