Летно разладување: Леден чај на 5 начини
Освен со ладна вода, во летните топли денови најдобро е да се разладите со вкусен леден чај.

Ледениот чај е здрав пијалак и одлична алтернативна на газираните сокови кои содржат многу шеќер и калории.
Ние ви предлагаме неколку интересни начини да си направите леден чај многу брзо и едноставно.
Леден чај на марокански начин
Во шолја изладен зелен чај додадете кришки лимон, малку мед, мраз и газирана вода. Алкохолната верзија е со вотка.

Тајландски леден чај
Потребно е црн чај, шеќер и кондензирано млеко. Не заборавајте мраз.

Леден чај со нане и ѓумбир
Во изладен чај (зелен или со вкус по ваша желба) додадете ливчиња нане и рендан свеж ѓумбир. Вкусно и здраво.

Леден чај со јагоди
Супер летна комбинација на леден чај со исечкани јагоди и кршен мраз.

Леден чај со боровинки
Вода, неколку вреќички чај и сируп од боровинки е сé што ви треба за овој вкусен овошен леден чај.

М. В. | Црнобело