Љубовни пијалаци: Коктели кои ја зголемуваат желбата за секс


Љубовни пијалаци: Коктели кои ја зголемуваат желбата за секс

Нема човек што не се труди да ги разгори страстите со својот партнер. Во тоа може да ви помогнат многу работи, меѓу кои и некои коктели.

ljubovni-napitoci-kokteli-koi-ja-zgolemuvaat-zhelbata-za-seks-01.jpg

Клучот е во состојките што овие коктели ги содржат, а го зголемуваат либидото кај мажите и жените.

Ние ви предлагаме три рецепти за одлични коктели кои можеби не сте ги знаеле,  а делуваат како афродизијак:

Gin Fizz Tropical

Основната состојка во овој коктел која влијае на зголемување на сексуалната желба е ананасот.

Начин на подготовка:

Во шејкер измешајте 30 ml бела текила, 30 ml џин, 20 ml сок од лимон, 10 ml сок од ананас и 15 ml сируп од ѓумбир.

Послужете во чаша со мраз и додадете газирана вода.

ljubovni-napitoci-kokteli-koi-ja-zgolemuvaat-zhelbata-za-seks-02.jpg

Jam Jar Julep

Зачинот кардамом кој го има во овој коктел е богат со мелатонин, што докажано ја поттикнува желбата за секс.

Начин на подготовка:

Измешајте 50 ml џин, 50 ml сок од грејпфрут, 20 ml сируп од бозел и неколку ливчиња нане.

Послужете со мраз и семки од кардамом.

ljubovni-napitoci-kokteli-koi-ja-zgolemuvaat-zhelbata-za-seks-03.jpg

Rosemary Gin Fizz

Рузмаринот, на кој се базира овој освежителен коктел, многумина го сметаат за природна вијагра.

Начин на подготовка:

Измешајте 35 ml џин со рузмарин (во џинот ставете неколку гранчиња рузмарин да отстојат 4 часа), 45 ml вермут и 20 ml сок од лимон.

Додадете 50 ml газирана вода и послужете со гранче свеж рузмарин.

ljubovni-napitoci-kokteli-koi-ja-zgolemuvaat-zhelbata-za-seks-04.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 3 омилени коктели на барменот Васил Пеевски Васил Пеевски е бармен кој почнал да се занимава со оваа професија од неговата 1...
3 коктели кои содржат најмногу калории, а упорно сите ги пиеме Кој не сака коктели? Весела и шарена стапица за која не сфаќаш колку длабоко си ...
5 коктели со вино за „живели“ на Св. Трифун Ако Св. Трифун ви е омилениот повод за да ја кренете високо чашата со вино, тога...